Дали сте нов корисник на Ризницата? На нашите страници Први чекори и Добредојдовте ќе најдете информации за Ризницата и за тоа како можете да придонесувате кон проектот. Сите информации се достапни на англиски јазик, но доста од нив се преведени и на други јазици. Можете да ја прелистате содржината на некој друг јазик по ваш избор, од менито кое е прикажано на почетокот од секоја страница.
Новости
Подигната седуммилионитата податотека
На 17 јули 2010 е подигната седуммилионитата податотека на Ризницата, за помалку од шест месеци по подигањето на шестмилионитата.
Ризницата го смени својот матичен (основен) изглед на новото руво наречено „Векторско“, со кое се олеснува пронаоѓањето на многу функции. најавените корисници можат да се вратат на класичното руво со постапка во четири стисоци. Искажете го вашето мислење на Селската чешма.
Напатствијата за бришење се во потесна врска со рамките на проектот Ризницата. Тука е објаснето кога и како се бришат содржини што не припаѓаат во Ризницата од различни причини.
Ризницата е повеќејазичен. Послужете се со Вавилон ако сакате да пронајдете уредници што го зборуваат вашиот јазик. Додајте информации за јазикот кој го разбирате на вашата корисничка страница. Начелата за употреба на јазиците е продискутирана на страницата Начела за јазици (англиски).
Категоризација на корисниците по нивните познавања, способности и интереси од областа на графиката и аудиотехниката, со цел да се олесни проаноѓањето на помош во секоја сфера од мултимедијалната техника.
Тука се наведени сите страници за помош, проекти, одржување, разговори, начела и други упатства за работење со викија како Ризницата. За прегед на составот на самата Ризницата како проект, погледајте Category:Commons.
Алатки за подигање и одржување на Ризницата, како на пр. Commonist за подигање на голем број слики. Додавањето на алатки додава дополнителни функции на вашиот посредник на Ризницата.
Преглед на вметнување на содржини од Ризницата во разни викија на Викимедија и како да ги користите овдешните содржини на други места. На Помош со снимки ќе најдете совети за прегледување на слики и видеоснимки од Ризницата. Страниците за избрани слики, слики на денот и снимки на денот имаат избор на особено вредни и корисни содржини за употреба.